Настаните на денот низ фотографии - 3 декември 2020.
Револуционери и хакери

1
МАКЕДОНИЈА - Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според кои што: македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови), наведуваат од МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ во нивниот заеднички Македонски манифест.

2
БЕЛГИЈА - Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова рече дека извршното тело на Европската унија ќе предложи санкции за оние кои шират дезинформации и лажни вести за тие да ја платат цената. Јурова во интервју за Радио Слободна Европа вели дека блокот мора да се спротистави на ширењето на дезинформациите.

3
МАКЕДОНИЈА -Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата е подготвена да ги објави записниците за историските личности чие заедничко чествување досега договори македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања.

4
САД - Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денес астрономите на НАСА. Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА во Калифорнија, јави АП.