Настаните на денот низ фотографии - 2 декември 2020.
Пратениците дотерани, Боки 13 отстранет, Гутереш загрижен, Сајер затекнат...

1
МАКЕДОНИЈА - СДСМ ја обвини опозицијата дека за измените на собранискиот деловник предлага, како што велат, дрски и циркус амандмани за да ја опстриура работата. Според пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, во еден од амандманите, според Митрески, се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина, да имаат бојадисано јајце пред камера, во друг амандман се вели пратениците кои учествуваат во работата од далечина да не смеат да носат облека со обележја на месарници, а во трет збород безбедни да се замени со сигурни.

2
НОВ ЗЕЛАНД - Новозеландската влада денеска прогласи вонредна климатска состојба во земјата. Декларацијата се темели на истражувањата на Меѓувладин панел за климатски промени за потребите за драстично намалување на глобалните емисии, за да се избегне затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови.

3
МАКЕДОНИЈА - На денешното рочиште за случајот Рекет 2, познат и како Меѓународен сојуз, судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, по неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето.

4
ХОНГ КОНГ - Познатиот хонгконшки продемократски активист Џошуа Вонг и уште двајца негови колеги се осудени на затворски казни поради минатогодишните антивладини протести. 24-годишниот Вонг е осуден на 13,5 месеци затвор, а неговите колеги Агнес Чоу и Иван Лам на 10 и седум месеци затвор. Вонг стана активист на 13-годишна возраст и веќе е затворан, а бројни весници како „Тајм“ го прогласија за еден од највлијателните луѓе во светот.