Настаните на денот низ фотографии - 1 декември 2020.
Лидери и полицајци

1
ГЕРМАНИЈА - Најмалку две лица загинаа денеска, а неколку други се повредени, кога ги удри автомобил во пешачка зона во градот Трир, во западна Германија, соопшти полицијата, јави новинската агенција Ројтерс.

2
МАКЕДОНИЈА - Мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско од страна на Зоран Заев, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски, во обраќањето на протестот пред Владата во Скопје, организиран поради, како што велат, изјавите напремиерот Зоран Заев и разнебитувањето на Македонија.

3
МАКЕДОНИЈА - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), во врска со предлогот за прогласување на недела за неработен ден, предлага недела да биде ден за одмор, а секоја работа во недела да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница зголемена за 50 отсто.

4
КИРГИСТАН - Врховниот суд на Киргистан ја укина осудителната пресуда и затворската казна за поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, кои му беа изречени во јуни. Тој беше осуден поради неговата вмешаност во нелегалното ослободување на озлогласениот кринимален шеф Азиз Батукаев во 2013 година.