Настаните на денот низ фотографии - 25 ноември 2020.
Заев, Бајден и Марадона

1
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС изјави дека Бугарија не е фашизам, туку пријател на Македонија. Тој порочи и дека имаме заедничка историја со Бугарија и дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореле за слободата на Македонија и Одринско. Изјавите наидоа на остра критика во јавноста, а македонска членка на историската комисија во преговорите со Бугарија се огради од изјавите на Заев.

2
КИНА - Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за победата на претседателските избори на 3 ноември.

3
НАГОРНО КАРАБАХ - Азербејџанските трупи навлегоа во областа Калбачар откако беше предадена од Ерменија како дел од договорот со кој завршија шестнеделните борби околу отцепената област Нагорно-Карабах.

4
ГЕРМАНИЈА - Автомобил со слогани испишани на страните влета во портата на канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин.