Настаните на денот низ фотографии - 24 ноември 2020.
Од Бугарија до Месечината

1
МАКЕДОНИЈА - Сакаме да прашаме, а Заев мора веднаш да одговори, што содржи таа понуда што ја дала Владата на Заев до бугарската страна, праша денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по синоќешната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека на Бугарија ѝ е дадена понуда за договор по ветото што го стави на преговарачката рамка со Европската унија.

2
РУСИЈА - Руското Министерство за одбрана соопшти дека разурнувач на американската морнарица ги напуштил руските води на далечниот исток на Русија, откако бил предупреден дека може да биде нападнат.

3
МАКЕДОНИЈА - Повикот до пратениците од опозицијата е да останат вклучени во работата на Собранието. Навреме се соопштени сите идеи. Три месеци зборуваме за тоа. Собранието нема целосно да работи онлајн. Тоа не е идејата, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

4
САД / РУСИЈА - Рускиот регулатор за медиуми, Роскомнадзор, отвори постапка против американскиот технолошки гигант Гугл, за неотстранување забранета содржина од својот пребарувач. Од Роскомнадзор изјавија дека Гугл не отстранува до 30 проценти од опасната содржина од својот пребарувач.