Настаните на денот низ фотографии - 19 ноември 2020.
Криза, одговорност, маски, психијатрија...

1
МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев велат дека не чуствуваат одговорност за ветото на Бугарија на преговарачката рамка за Северна македонија и Европската унија (ЕУ). Двајцата први луѓе на државата го делат ставот дека направиле напори за почеток на преговорите со ЕУ и дека барањата на Бугарија не биле дел од Договорот за добрососедство.

2
ШВАЈЦАРИЈА - Нови мерки кои вклучуваат карантин во Европа може да се избегнат, а еден од можните начини да се постигне тоа е речиси сите граѓани да носат маски, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

3
МАКЕДОНИЈА - Советот за безбедност, после исцрпна дискусија, донесе заклучок кој ќе биде проследен до Владата, а се однесува на тоа да се предложи прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно.

4
КАЗАХСТАН - Судот во Казахстан ја потврди одлуката за сместување во клиника за психијатрија на новинарка и блогерка, обвинета за учество во активности на забранетата организација Демократски избор на Казахстан. Со денес објавената одлука на апелациониот суд во Нур-Султан, новинарката Ајгул Отепова сега ќе биде префрлена од домашен притвор во психијатриска клиника.