Настаните на денот низ фотографии - 18 ноември 2020.
Македонски ставови, бугарско вето, руски закони, американски војници...

1
РУСИЈА - Долниот дом на парламентот на Русија, Државната дума, го одобри првото читање на нацрт-законот што ќе им даде доживотен имунитет на поранешни претседатели. Единствен жив поранешен претседател на Русија во моментов е Дмитри Медведев.

2
РУСИЈА - Руски пратеник од владејачката партија Единствена Русија предложи два закона, со кои дополнително ќе се ограничи правото на собири на граѓаните.

3
САД - Американскиот фармацевтски гигант Фајзер соопшти дека конечните резултати од испитувањето во доцната фаза на неговата вакцина за Ковид-19, покажале дека таа е 95 проценти ефикасна и дека вакцината се чини дека ќе ги штити повозрасните луѓе со најголем ризик за смрт од Ковид-19.

4
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Нашата позиција не е позиција на тврдоглавост или позиција да ги запреме нашите најблиски пријатели, бугарската позиција е принципиелна и ги одразува очекувањата на сите бугарски граѓани, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашното бугарско вето на преговарачката рамка на Европската унија и Северна Македонија. Од македонската влада по бугарското вето за преговарачката рамка изјавија дека позициите на Македонија се јасни и дека нема преговори за македонскиот идентитет и јазик.