Настаните на денот низ фотографии - 16 ноември 2020
Обвинување, наградување, донирање, евакуирање...

1
САД - Претседателот на САД Доналд Трамп продолжува да дава неосновани тврдења дека претседателските избори биле наместени и вети дека ќе покрене повеќе тужби и покрај загубените обиди за поништување на резултатите во повеќе државни судови.

2
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев, на кој денеска во Берлин му беше врачена наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата Фридрих Еберт, потенцираше дека парите од наградата ќе ги донира во нашиот државен здравствен солидарен фонд во борба против Ковид 19. Заев денеска се сретна и со германскиот допломат Хајко Маас во врска со ветото од Бугарија за преговарачката рамка за Македонија.

3
ГРЦИЈА / АЛБАНИЈА - Бројот на новозаразено од Ковид-19 во Грција повторно е над 2.000, односно, 2.198, додека пак починаа 59 лица, јави МИА од Атина. Во Албанија, пак, има над 600 новозаразени за 24 часа.

4
МОЛДАВИЈА - Прозападната победничка на изборите во Молдавија Маја Санду вети дека ќе ги балансира врските помеѓу Западот и Русија, а воедно таа најави и справување со корупцијата и привлекување инвестиции во една од најсиромашните европски земји.