Настаните на денот низ фотографии - 13 ноември 2020.
Американски избори, кинески честитки, македонски мерки...

1
САД - Нависоките американски федерални и државни претставници одговорни за безбедноста на изборите заедно изјавија дека нема докази дека гласовите на 3 ноември се во некој случај компромитирани или изменети.

2
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство, Венко Филипче, на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство. Викендов ќе се разгледа дали сегашните мерки даваат резултати, па во понеделник ќе се разгледува евентуална потреба за нови.

3
ХРВАТСКА - Иво Санадер, поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за корупција, односно за извлекување пари од маркетинг агенцијата Фими Медиа, пренесе МИА. Во овој случај, за кој ова беше повторено судење, неговата партија ХДЗ беше прогласена за одговорна за корупција.

4
МАКЕДОНИЈА - Mакедонските фудбалски репрезентативци рано утрово преку граничниот премин Блаце пристигнаа во Скопје, откако, поради маглата на скопскиот аеродром, мораа да бидат пренасочени кон Приштина, па оттаму со автобус во Македонија. Тие вчера обезбедија историски пласман на фудбалското ЕПпо победата над грузија со 1:0.