Градоначалници волонтираат во болница
Чешкото министерство за здравство ги повика сите кои можат да волонтираат во болница за да им помогнат на докторите по големиот број заразени со КОВИД-19. Меѓу волонтерите е и градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, кој по професија е лекар. Тој доаѓа неколку пати неделно. Во болницата доаѓа попладне, по завршување на градоначалничките обврски. Од вчера ваков пример во Македонија е градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој по професија е специјалист ортопед.