Настаните на денот низ фотографии - 9 ноември 2020.
Транспаренти, сопки, војници...

1
РУСИЈА - Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Вадимир Путин, денеска изјави дека ќе ги чека конечните официјални резултати, за да даде коментар за изборите.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Решение на проблемот меѓу Скопје и Софија е предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија која требаше да се одржи во декември. Ова го потврди германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, по самитот на Берлинскиот процес со кој претседаваа Бугарија и Северна Македонија, а се одржа онлајн поради пандемијата со коронавирусот.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на порта Македонија во центарот на Скопје, постави транспарент со бројки, кои, според нив, ги покажуваат, како што велат, резултатите од несправувањето на власта со ковид пандемијата. По поставувањето на транспарентот, прес-конференција кај портата одржа партискиот портпарил Наум Стоилковски.

4
ГРЦИЈА - Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји и одлуката за ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, грчката Влада ги продолжи до 30 ноември, јави МИА од Атина.