Настаните на денот низ фотографии - 22 октомври 2020.
Невести, свиркачи и лаптопи

1
ЧЕШКА - Чешката Влада на вонредна седница донесе одлука за неочекувано затворање на продавниците, освен оние со прехранбени производи и аптеки, од денеска, бидејќи претходните мерки за затворање на училиштата и рестораните капацитети, обврска да се носи маска, радикално намалување на бројот на луѓе кои можат да се соберат надвор и внатре не се доволно ефикасни.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Стоте компјутери за кои вчера и денеска беа објавувани информации во дел од медиумите се за службата на Парламентот, а не за пратениците и тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Лаптопите биле набавени како донација од Швајцарската амбасада.

3
СРБИЈА - По изборот на шефот на српкста дипломатија, Ивица Дачиќ, за собраниски спикер, неговата функција министер за надворешни работи ќе ја преземе премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

4
РУСИЈА - Руските медиуми пишуваат дека американскиот свиркач Едвард Сноуден добил од владата дозвола за постојан престој.