Настаните на денот низ фотографии - 21 октомври 2020.
Политичари и екскурзијанти

1
САД - Гигантот за интернет пребарувачи Гугл се соочува со најголемата тужба во САД во последните две децении. Министерството за правда, заедно со 11 држави во САД, поднесоа тужба, тврдејќи дека Гугл е неприкосновена порта кон Интернет за милијарди корисници и ја злоупотребува својата доминантна позиција за да ја задуши конкуренцијата.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа од направени 2688 тестирања се регистрирани 641 нови случаи на заразени со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Повеќе од половина или 325 се регистрирани во Скопје.

3
БУГАРИЈА - Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол. Радев е во самоизолација по враќањето од Естонија, каде учествуваше на самитот на Иницијативата Три мориња, бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува БТА.

4
КИРГИСТАН - Киргистанската Централна изборна комисија денеска го одреди 20 декември како датум за нови парламентарни избори, откако на 4 октомври беа поништени парламентарните избори по јавните протести што ги соборија владата и спикерот на парламентот и доведоа до оставка на претседателот Соронбаи Јенбеков.