Настаните на денот низ фотографии - 16 октомври 2020.
Македонски мерки, руски потерници, српски услови...

1
ГЕРМАНИЈА - Русија вели дека го ставила белоруската опозициска лидерка, Светлана Цихануаскаја, на потерница, во согласност со регионалните договори, откако Белорусија го направи истото тврдејќи дека таа повикала на уривање на уставниот поредок во земјата.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Работно време на економските оператори во 23 часот, редуцирање на јавен превоз до 50 отсто и целосна забрана на секакви настани, се дел од мерките на Комисијата за заразни болести кои ќе ги предложи до Владата во понеделник.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието, се одложи на 28 октомври поради отсуство на обвинетите Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски кои се самоизолација, поради корона вирусот.

4
БУГАРИЈА - Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и очекувањата од средбата на заедничката комисија за историски и образовни прашања.