Достапни линкови

Над половина од ЕУ е во црвено на новата мапа за раширеноста на коронавирусот


илустрација

Повеќе од половина од земјите на Европската унија, како и Велика Британија, се во црвено на новата европска мапа за ограничувања на патувањето, објавена од Европскиот центар за спречување и контрола на болести. На мапата за подобро усогласување на препораките, само три земји од ЕУ или Европската економска област - Норвешка, Финска и Грција - се претежно зелени, додека пет земји (Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија) во портокалова боја. Пет земји (Австрија, Германија, Шведска, Данска и Исланд) се во сива боја затоа што нема податоци за тестовите, а причините не се наведени.

Меркел: Новиот бран корона инфекции е сериозен, да бидеме одговорни

Според препораката, патниците кои доаѓаат од портокаловата и црвената зона или од сивата зона можат да бидат предмет на ограничувачки мерки по пристигнувањето. Оваа мапа, која е детална на регионално ниво, треба да ги идентификува областите во ризик, но не е обврзувачка.


Макрон: Полициски час во неколку градови во Франција

За да се биде во зелената зона, во регионот треба да има помалку од 25 нови инфекции на 100.000 жители во последните две недели и број на позитивни тестови за коронавирусот под четири проценти. Во црвено е кога бројот на нови случаи на инфекција за две недели надминува 50 на 100.000 жители и стапката на позитивни тестови надминува четири проценти или кога бројот на нови случаи надминува 150.

XS
SM
MD
LG