Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно и врнежливо


Ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде од 13 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 19 степени.

XS
SM
MD
LG