Достапни линкови

Mожно заострување на мерките на Косово поради ширењето на ковид-19


Медицинска сестра во единицата за интензивна нега посетува пациент со КОВИД-19 во Клиниката за инфективни болести за време на пандемијата на коронавирус, во Приштина, септември 2020 година

Премиерот на Косово Авдулах Хоти, предупреди на можноста за заострување на мерките доколку се влоши состојбата со коронавирусот во следните две до три недели. Изјавувајќи дека бројот на новоинфицирани лица на Косово се зголеми во последните денови, Хоти предупреди дека епидемиолошката состојба може да се влоши дополнително доколку граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита.

На „Блаце“ до 11 часот поминале над 3 илјади патници

„Ризикот е многу реален дека за две до три недели ќе бидеме принудени да преземеме екстремни мерки. Потребно е строго да се придржуваме до мерките со цел да се одржи оваа состојба. Не сакам да предизвикам загриженост кај граѓаните и компаниите, но од нивен интерес е да се почитуваат мерките кои се на сила“, рече косовскиот премиер. Во претходните 24 часа на Косово, едно лице почина како резултат на инфекцијата, додека од 650 тестирани, за 80 е потврдено дека имаат коронавирус.

XS
SM
MD
LG