Достапни линкови

Макрон: Полициски час во неколку градови во Франција


Емануел Макрон

Франција воведува полициски час од 21 часот до 6 часот наутро во неколку поголеми градови, вклучувајќи го и Париз, за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот, рече претседателот Емануел Макрон, додавајќи дека мерката ќе стапи на сила в сабота и ќе трае четири недели. „Полицискиот час ќе трае четири недели и ќе му се обратиме на парламентот да го продолжи до 1 декември“, рече Макрон во телевизиското обраќање.

Европа ги заострува ограничувањата поради голем број на случаи на коронавирус


Покрај Париз и пошироката област на главниот град, воведен е полициски час во Лил, Лион, Марсеј, Гренобл, Монпелје, Сент Етјен, Руан и Тулуз. Во пракса, ова значи дека рестораните, баровите, театрите и кината ќе бидат затворени од 21.00 часот. Повеќе од 32.000 луѓе починаа во Франција од почетокот на епидемијата на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG