Достапни линкови

Пендаровски добил покана да ја посети Грција


Македонскиот претседател Стево Пендаровски

Македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека добил покана за официјална посета на Грција, на која треба да замине на почетокот на следната година. „Сакаме за се да кажеме дека е историско, но ова навистина ќе биде прва посета од ваков тип во последните 30 години на нашата независна држава“, истакна тој во интервју за телевизијата Телма.

Заев на средба со членовите на Комитетот за историски прашања со Грција

Пендаровски изјави дека добил официјална покана да ја посети Атина пред два дена, но дека со оглед на пандемијата на коронавирусот нема да се реализира толку брзо како што било планирано. „Во комуникацијата меѓу двата претседателски кабинета, мојата посета на Атина беше договорена за првиот квартал на 2021 година“, претседателот Пендаровски.

XS
SM
MD
LG