Настаните на денот низ фотографии - 14 октомври 2020 година.
Политичари и џезери

1
САД - РУСИЈА - Американски и руски официјални лица понудија спротивни профили на разговорите за контрола на оружјето, потопувајќи ја судбината на нивниот последен билатерален договор за нуклеарно оружје кој истекува за неколку месеци.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Нема нов догоговор со Бугарија, туку зајакнување на меѓусебната комуникација на сите нивоа, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како реакција на прашањето на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дали на средбата со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, во Софија, Османи добил предлог за нов договор, сличен на Преспанскиот, според кој ќе треба со уставни измени да се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 година.

3
ГРЦИЈА - Лидерот на грчката партија Златна зора, Николаос Михалолиакос, доби 13 години затвор, Јоргос Рупакис доби доживотна затворска казна за убиството на раперот и антираситистички активист Павлов Фисас во 2013 година, како и плус 10 години затвор за поседување и користење оружје, пренесе АФП.

4
БЕЛГИЈА - Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и комесарот на Европската комисија за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ на Твитер објавија дека се во самоизолација иако нивните тестови за Ковид-19 биле негативни. Велат чекаат повторен тест.