Достапни линкови

Шефот на европската дипломатија во самоизолација


Одам да се самоизолирам според правилата и ќе чекам уште еден тест”, објави Борел на „Твитер“.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и комесарот на Европската комисија за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ на „Твитер“ објавија дека се во самоизолација иако нивните тестови за Ковид-19 биле негативни.

Двајцата на Твитер објавија дека нивниот последен тест бил негативен за коронавирус и дека чекаат дополнителни тестови. Ленарчиќ рече дека нема симптоми и дека се чувствува добро.

„Ме известија дека еден член на делегацијата, кој минатата недела патуваше заедно со мене и Јанез Ленарчиќ во Етиопија, е позитивен на коронавирус. Бев негативен на враќањето во неделата. Одам да се самоизолирам според правилата и ќе чекам уште еден тест”, објави Борел на „Твитер“.

XS
SM
MD
LG