Достапни линкови

ДУИ предлага онлајн седници на Парламентот


Али Ахмети и Артан Груби

ДУИ предлага седниците на Собранието да се одржуваат и онлајн. Интегративците сметаат дека Собранието треба да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот во смисла на специфицирање, што всушност се подразбира под зборот присуство на пратеници, без разлика дали е тоа физичко присуство или онлајн.

„ДУИ бара солидни причини од опозициските партии да го разгледуваат овојпредлог со цел да се избегне можноста да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата а исто времено да не се блокираат важните процеси за Република Северна Македонија. Во сегашната регулатива на Собранието реченицата „присуство“. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од Ковид-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се вели во соопштението од партијата.

Завчера премиерот Зоран Заев изјави дека Владата ќе почне со онлајн седници и дека се надева оти и парламентот ќе го стори истото. По него се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој рече дека не е етички пратениците да работат онлајн додека градежници, наставници, музичари одат физички на работа. Потоа од СДСМ дојде изјавата дека тие предлагаат онлајн да присуствуваат само пратениците позитивни на Ковид-19.

XS
SM
MD
LG