Достапни линкови

Собранието денеска ќе решава дали ќе има пет потпретседатели


Седница на Собранието на Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска го закажа продолжението нa втората седница на која треба да се расправа и одлучува за Предлог на одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на Парламентот.

Собранискиот спикер Џафери предлага Собранието да има пет потпретседатели и во образложението се повикува на Деловникот и на Законот за Собрание, наведувајќи дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот, а отпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Во август портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Димче Арсовски, рече дека нивната партија ниту прифаќа, ниту ќе предложи потпретседател на Собранието, по што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

XS
SM
MD
LG