Достапни линкови

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено, Мијалков имал симптоми на корона


Архивска фотографија - Сашо Мијалков пред суд за случајот „Таргет - Тврдина“

Денешното судско рочиште за случајот „Таргет-Тврдина”, односно за незаконското следење на комуникациите, е одложено за 16 октомври, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој вчера развил симптоми на коронавирус – покачена температура и кашлица, откако неговата сопруга била позитивна на Ковид-19.

Неговиот бранител, адвокат Љупчо Шврговски, го извести судот дека Сашо Мијалков во текот на денешниот ден ќе биде тестиран, по што до судот ќе бидат доставени резултатите.

На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци-оштетени. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање, во периодот од 2008 до 2015 година, биле прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Во овој случај обвинети се поранешниот шеф УБК Сашо Мијалков, неколку вработени во поранешното УБК, и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

XS
SM
MD
LG