Достапни линкови

Макрон на телевизија ќе ги образложи новите мерки против ковид-19


Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон вечер во телевизиско интервју ќе ги образложи новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата. Францускиот кабинет се состана вчера за понатамошните мерки за борба против пандемијата, меѓу другото и за веројатноста за полициски час во градовите како што е Париз.

Европа ги заострува ограничувањата поради голем број на случаи на коронавирус

Бројот на луѓе кои се лекуваат во француските единици за интензивна нега од ковид-19 надмина 1.500 во понеделникот. Тоа беше за прв пат од 27 мај, соопштија властите. Бројот на луѓе во Франција кои починале од инфекција со ковид-19 изнесува скоро 33.000, наспроти. Вкупниот број на заразени е над 743.000.

XS
SM
MD
LG