Достапни линкови

За 24 часа 615 пријави за неносење заштитна маска


Илустрација - Луѓе со заштитни маски и полиција во Градски парк во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Казната за непочитување на мерката за носење заштитна маска изнесува 20 евра.

Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Предложено е да се забрани групирање во домовите на семејни прослави, да нема групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22 часот, а заштитна маска или прекривка на носот и устата да се носи и при престој на отворено.

XS
SM
MD
LG