Достапни линкови

Совет на Европа за дигитални решенија во борбата против коронавирусот


илустрација

Советот на Европа објави дека идентификувал бројни недостатоци во заштитата на приватноста и личните податоци во некои правни и технички мерки донесени од владите според Конвенцијата за заштита на податоците 108. Извештајот „Дигитални решенија за борба против ковид-19“ дава анализа за влијанието врз приватноста и правата за заштита на податоците на законодавната рамка и политиките донесени од владите, како и детален и технички преглед на апликациите за следење на дигиталните контакти и алатките за следење.

Дигитализацијата е потреба, а не теорија на заговор

Извештајот ги повикува владите да обезбедат транспарентност на дигиталните решенија за да обезбедат почитување на правото на приватност и заштита на податоците. За жалење е што, и покрај бројните повици за дигитални решенија за спречување на ширење на пандемијата, државите индивидуално применија широко дивергентни системи, со што се ограничува ефективноста на преземените мерки.

XS
SM
MD
LG