Достапни линкови

„Џонсон и Џонсон“ привремено ги паузираа клиничките испитувања за вакцина против ковид-19


илустрација

Кандидатот за вакцина на фармацевтскиот гигант со седиште во САД се смета за еден од водечките меѓу неколкуте потенцијални вакцини во светот против ковид-19. „Ние привремено го паузиравме натамошно дозирање во сите клинички испитувања на кандидати за вакцини, вклучително и во третата фаза, поради необјаснета болест кај учесник во испитувањето“, се вели во соопштението на компанијата. Од Џонсон и Џонсон велат дека ваквите паузи се нормални во големите испитувања на илјадници учесници. Исто така, се забележува дека има разлика помеѓу „студиската пауза“, поттикната од компанијата и „регулаторното задржување“ воспоставено од регулаторниот здравствен орган. „Џонсон и Џонсон“ одби да образложи за каква болест кај учесникот станува збор.

AstraZeneca го паузира водечкото испитување за вакцина против ковид-19

Слична пауза во испитувањата во доцната фаза на експерименталната вакцина на AstraZeneca во септември поради необјаснета болест кај учесник дија во Велика Британија доведе до тоа испитувањето во САД да биде ставено во мирување. Испитувањата потоа беа обновени во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија. Во септември, Џонсон и Џонсон започна испитување со 60.000 лица, чии резултати се очекуваа до крајот на оваа година или почетокот на 2021 година.

XS
SM
MD
LG