Достапни линкови

На „Блаце“ до 11 часот поминале над 3 илјади патници


Илустрација.Граничен премин Блаце

Денеска официјално беа отворени границите за државјаните на Македонија и на Косово за патувања во двете земји без задолжителна потреба од негативен ПЦР тест.

Дел од медиумите објавија дека денеска до 15 часот на граничниот премин „Блаце“ поминале 7.607 патници.

Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи само до 11 часот на овој граничен премин транзитирале 3.700 патници. 1.800 македонски државјани заминале за Косово, додека пак во насока кон Македонија се упатиле 976 косовски државјани.

На граничниот премин Табановце, пак, од полноќ до 15.30 часот во државава влегле 2133 патници, од кои 1496 странски и 637 македонски. Излез од државата, оствариле вкупно 1589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

До ова доаѓа откако претходно Владата соопшти дека граѓаните на Република Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест. „Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји", се наведува во владиното соопштение.

Иако можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата ќе расправа за патувања без тест за ковид-19 во регионот

XS
SM
MD
LG