Достапни линкови

Визер суспендира 50 линии, најголем број од Скопје


Илустрациј. "Визер"

„Визер“ е во процес на суспензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат, јави МИА .

Најголем број откажувања ќе има Скопје,, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

И покрај намалувањето на сообраќајот во поранешна Југославија, „Визер“ се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.

Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето. Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети.

Визер не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата.

XS
SM
MD
LG