Достапни линкови

Киргистан со нов премиер, но без решение за кризата


Садир Џапаров

Поделениот парламент на Киргистан контроверзно го назначи Садир Џапаров за премиер, само неколку дена откако осудениот киднапер избега од затвор за време на превирањата околу спорните парламентарни избори во оваа централноазиска земја. Сепак, членовите на парламентот и другите политички активисти ја доведоа во прашање легитимноста на парламентарната седница на која беше избран Џапаров.

Киргистанскиот претседател прогласи воена состојба

Политички немири го зафатија Киргистан откако парламентарните избори на 4 октомври беа проследени со обвинувања за купување гласови и измама во корист на партиите на власт, предизвикувајќи улични протести што ја натераа Централната изборна комисија да ги поништи резултатите. Гласањето вчера за одобрување на Џапаров се случи еден ден откако борбениот претседател Соронбаи Џинбеков прогласи вонредна состојба и ги постави војниците на улиците на главниот град, како одговор на немирите и насилството.

XS
SM
MD
LG