Достапни линкови

Трамп на предизборен митинг во Флорида


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој одби да учествува во виртуелната дебата со противкандидатот Џо Бајден, закажана за 15 октомври, која во меѓувреме е откажана, го најави своето присуство на денешниот партиски митинг во градот Санфорд во американската држава Флорида. Трамп, кој вчера се појави во јавноста за прв пат откако ја напушти болницата каде што се лекуваше од коронавирусот, од балконот на Белата куќа изјави дека „се чувствува одлично“.

Трамп: Пандемијата на коронавирус исчезнува

Тој се појави со маска, но ја отстрани за време на својот говор на собирот наречен „Мирен протест за работа и ред“, на кој присуствуваа неколку стотици луѓе кои стоеја на тревникот под терасата. За време на неговиот 16-минутен говор, претседателот Трамп, меѓу другото, рече дека вакцината против ковид-19 ќе биде развиена многу брзо.

XS
SM
MD
LG