Настаните на денот низ фотографии - 8 октомври 2020 година.
Гранати и карантини

1
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Министерството за образование и наука (МОН) денеска информираше дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 27 април 2017 година, денот кога се случи насилството во Собранието, имал смртен случај во семејството, починал брат му, и повремено доаѓал на седницата на Собранието и затоа немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски со барање седницата да продолжи и по истекот на нејзиното вообичаено времетраење.

3
БЕЛОРУСИЈА / ЛИТВАНИЈА - Белоруската опозиционерка Свјатлана Циханускаја во Берлин изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде идеален медијатор за политичката криза во Белорусија.

4
РУСИЈА - Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, е во карантин откако бил во контакт со лице заразено со коронавирус. На веб-страницата на Руската православна црква денеска беше објавено писмо од патријархот Кирил во кое тој објасни зошто не е во можност да учествува во молитвите по повод Денот на Свети Сергиј Радонежски.