Достапни линкови

УНИЦЕФ: Северна Македонија меѓу првите во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца


Илустрација

Северна Македонија е меѓу првите три држави во светот со најголем процентен пад на стапката на мртвородени деца (62) во периодот меѓу 2000 и 2019 година и покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Анализата на податоците вклучена во извештајот покажува дека стапката на мртвородени деца во Македонија опаднала од 10,8 мртвородени на вкупно 1.000 раѓања во 2000 година, понатаму на 6,2 во 2009 година и на 4,1 во 2019 година.

„Губењето на дете при раѓање или за време на бременоста е разорна трагедија за секое семејство, која честопати се преживува тивко, но се случува премногу често низ светот", изјави Хенриета Фор, извршен директор на УНИЦЕФ.

Во извештајот, мртвороденчето се дефинира како бебе родено без знаци на живот во 28-та или повисока недела од бременоста.

XS
SM
MD
LG