Достапни линкови

Пендаровски до Лајчак: Подготвени сме за преговори со ЕУ


Стево Пендаровски и  Мирослав Лајчак на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020” во Братислава, 8 Септември 2020

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020”, денеска во Братислава се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски го информирал специјалниот претставник Лајчак дека Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство. Лајчак ја посочил Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот, истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.

XS
SM
MD
LG