Достапни линкови

Грција го повика амбасадорот од Азербејџан


Нагорно Карабах, 07.10.2020.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека го повика својот амбасадор од Азербејџан поради „целосно неосновани и навредливи обвинувања“ од азербејџанската влада дека Атина толерира подготовка на терористички напади. Министерството соопшти дека грчкиот амбасадор е „поканет во Атина на консултации“. Во соопштението се вели дека азербејџанската влада тврди дека „Грција толерира подготовка на терористички акти, обиди за регрутирање терористички борци и сајбер напади врз Азербејџан“, поради нејзиниот конфликт со Ерменија околу сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах.

Продолжуваат жестоките борби околу Нагорно Карабах

Азербејџанското Министерство за надворешни работи пренесувајќи извештаи од медиуми и други информации на почетокот на октомври, велејќи дека тоа укажува дека „илјадници етнички Ерменци“ од неколку земји, вклучувајќи ја и Грција, се упатиле кон Нагорно Карабах.

XS
SM
MD
LG