Достапни линкови

Претседателот Пендаровски во Братислава


Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, каде што ќе има свое обраќање на тема „Западен Балкан по Ковид-19“. За време на работната посета на Братислава, предвидено е Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, да оствари билатерална средба со Сузана Чапутова, претседателка на Словачката Република, Мирослав Лајчак специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други прашања за Западен Балкан и Олга Стефанишина, заменик премиерка за европска и евроатлантска интеграција на Украина.

Пендаровски на ГС на ОН-решението на историските спорови не е во идеологиите од 19-от век

Годинешниот форум „ГЛОБСЕК 2020“ се одржува под мотото „Заеднички да го излечиме светот – опоравување по целосното затворање“, а темите на дискусија се фокусирани на влијанието на кризата од ковид-19 врз повеќе сфери од општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот, како и можностите за изнаоѓање одржливи решенија во периодот што следи.

XS
SM
MD
LG