Достапни линкови

„Динариди“ во сенка на пандемијата


Поради состојбата со пандемијата со ковид-19, седми октомври, Денот на заштитата на Динаридите, беше одбележан виртуелно во сите земји од регионот. Пандемијата во изминатите месеци, во земјите на Динарскиот лак, драматично влијаеше врз животите и здравјето на луѓето, носејќи со себе економски и социјални предизвици, кои можат да имаат долгорочни последици во општеството, изјави за Радио Слободна Европа, директорот на националниот парк Маврово, Самир Ајдини, кој воедно е и член на Управниот одбор и преставник на Македонија во Собранието на Динаридите.

Тој нагласи дека Денот на заштитата на Динаридите има за цел да укаже на важноста на природното и културното наследство во земјите на Динарскиот лак, како и испреплетеноста на природното богатство и културно- историски вредности на овој, по многу нешта посебен простор во Европа. Оваа година поради пандемијата слоганот на виртуалните активности е Динаридите не обединуваат, а тоа, вели Ајдини, значи дека сакаме да обрнеме внимание врз влијанието на пандемијата на заштитените подрачја, но и потребата од зајакнување и продлабочување на соработката како одговор на новонастанатата криза.

„Моменталната пандемија би можела значително да го уназади деценискиот труд во воспоставување на одржлив и ефикасен систем на заштита на природата и управувањето во заштитени подрачја“, вели Ајдини и додава дека ефектите на пандемија се видливи во прв ред преку намалување на економските активности, што преку намалување на буџетите за голем број на заштитени подрачја ќе доведе до негативни мултипликативни ефекти на квалитетот на управување.

Во Динаридите влегуваат сите официјални национални паркови од Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

XS
SM
MD
LG