Достапни линкови

Нобелова награда за хемија за научнички од Франција и Германија


Американската биохемичарка Џенифер А. Дудна (Л) и француската професорка и истражувач по микробиологија, генетика и биохемија Емануел Шарпентие

Француската научничка Емануел Шарпентие и американската истражувачка Џенифер А. Дудна ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на метод за уредување на геном познат како CRISPR.

Добитничките беа објавени денеска во Стокхолм од Горан Хансон, генерален секретар на Кралската шведска академија на науките.

Откритието е значајно, соопшти академијата, и со него може да се модифицираат гените во клетките што е револуционерен чекор напред во медицината.

Шарпентие и Дудна стануваат шести и седми жени кои добиле Нобелова награда за хемија, приклучувајќи им се на Мари Кири, која победи во 1911 година, и неодамна, на американскиот хемиски инженер Франсис Арнолд, во 2018 година.

XS
SM
MD
LG