Достапни линкови

Фуере: ЕУ треба да се загрижи заради заканите од Бугарија за Северна Македонија


Архивска фотографија - Поранешниот евроамбасадор во Северна Македонија, Ерван Фуере

Поранешниот амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Северна Македонија, Ерван Фуере, во изјава за МИА вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижи Унијата. Тој вели дека ова прашање е многу сериозно, бидејќи „покажува дека некои земји членки го користат членството во ЕУ за да наметнат националистичка агенда“, објави МИА.

Официјална Софија побара добрососедските односи да се третираат како суштинско прашање и да бидат дел од првиот кластер во преговорите на Северна Македонија со Европската унија.

„Ова прашање е многу загрижувачко затоа што покажува дека некои земји членки го користат членството во ЕУ за да наметнат националистичка агенда, ова е нешто што ЕУ не смее да го потцени, ниту земјите членки ниту институциите на ЕУ, ова е многу сериозен проблем, кој сме го виделе и во минатото со Словенија и Хрватска и покажува колкава е тежината на историјата на западниот Балкан“, вели Фуере.

Тој се надева дека билатералните разлики помеѓу Скопје и Софија за идентитетските прашања нема да се дозволи да го попречат процесот на интеграција на Северна Македонија која со години веќе чека отворање на вратите за преговори со ЕУ.

XS
SM
MD
LG