Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ избра нова претседателка на Унијата на жени


Жаклина Пешевска

Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја избрал Жаклина Пешевска за нова претседателка на Унијата на жени на партијата. Пешевска е актуелен пратеник, а доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба.

Оваа кадровска промена е дел од најавените смени во раководните позиции во партијата кои по парламентарните избори ги најави партискиот лидер Христијан Мицкоски, а за, како што велат од партијата, јакнење на партиските капацитети.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука и да распише оглас за избор на нови претседатели на 17 општински комитетти на партијата. На минатата седница на Извршниот комитет беше донесена одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје, а Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари.

XS
SM
MD
LG