Достапни линкови

Протест на музичари и угостители против новите протоколи


Влада на Република Северна Македонија

Под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите и сите засегнати од оваа индустрија, денеска од 14 до 17 часот ќе протестираат против најновите мерки на Владата за работа на угостителските објекти и локали и забраната за настапи. Според организаторите, протестот е замислен како музички хепенинг пред зградата на Владата, како револт против новите протоколи поради пандемијата со Ковид-19.

Според одлуката на Владата за новите протоколи, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Музичарите велат дека на денешниот протест ќе ги кажат нивните строги правила и протоколи.

„Македонската естрада со голем музички хепенинг, без скандали или сензации, ќе оддржи за првпат голем протест пред Владата. Целта ни е да докажеме дека сепак постоиме, дека има огромна слога меѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу посериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи“, најавија Независната угостителска комора.

На протестот ќе се придружат и угостителите, кои не се сложуваат со протоколите од Комисијата за заразни болести и Владата.

XS
SM
MD
LG