Достапни линкови

Навални: ЕУ да им забрани влез на руските олигарси блиски до Путин


Алексеј Навални со сопругата Јулија и синот Захар во Германија

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, предложи Европската унија (ЕУ) да го заостри односот со руските олигарси и да им забрани влез во ЕУ.

Навални, кој се опоравува во Германија откако беше отруен во август со хемиски агенс од забранетата група Новичок, во денешното интервју за германскиот весник „Билд“, изјави дека санкциите против целата земја не функционираат.

„Најважно е да се воведат забрани за влез против оние кои профитираат од режимот. Олигарсите и високите функционери - потесниот круг на претседателот Владимир Путин - треба да бидат мета. Тие проневериле пари, украле милијарди и во викенди летаат во Берлин или Лондон, купуваат скапи станови и седат во кафулиња“, вели Навални.

Навални го издвојува поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, лобист за руските енергетски фирми, велејќи дека е„ многу разочарувачко да слушне дека Шредер рекол дека досега немало никакви факти за неговото труење“. Навални го нарекува Шредер „путиновото момче по нарачка кој штити убијци“.

Коментарите на Навални доаѓаат во момент кога Германија и нејзините партнери разговараат каква акција да преземат како одговор на труењето на критичарот на Кремњ. Официјална Москва отфрли секаква вина за состојбата на Навални.

XS
SM
MD
LG