Достапни линкови

Дебата меѓу кандидатите за потпретседател на САД


Камала Харис

Потпретседателот Мајк Пенс и предизвикувачот Камала Харис ќе бидат разделени со бариера од плексиглас за време на нивната денешна дебата, во обид да се намали ризикот од пренесување на коронавирус, соопшти Комисијата што го надгледува настанот. Дебатата, единствена меѓу кандидатите за потпретседатели, е закажана во Солт Лејк Сити, шест дена откако претседателот Доналд Трамп објави дека се заразил со вирусот. И Харис, демократска сенаторка од САД и Пенс, републиканец, се тестираа негативно деновиве, а потпретседателот работеше од дома за време на викендот наместо во Белата куќа.

Трамп од Белата куќа: можеби сум имун на ковид-19

Голем број вработени во Белата куќа и истакнати републиканци, вклучително и тројца американски сенатори, имаат позитивен тест на ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот. Комисијата за претседателски дебати исто така соопшти дека двајцата кандидати ќе седат на повеќе од 3,7 метри оддалеченост. На дебатата ќе има ограничен број гости, сите ќе бидат подложени на тестирање и секој што нема да носи маска ќе биде „изнесен“ од салата, соопшти Комисијата. На првата претседателска дебата меѓу Трамп и кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден во минатата недела, неколку членови на семејството на Трамп не носеа маски додека седеа во публика.

XS
SM
MD
LG