Достапни линкови

Романија затвора театри, ресторани во Букурешт и други градови


илустрација

Романските власти од денеска ќе ги затворат театрите, кината и затворените ресторани во главниот град Букурешт и неколку други градови за да се обидат да го спречат зголемувањето на инфекциите со коронавирус. Исто така, од денеска, патниците од 49 земји со висок ризик, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Велика Британија, ќе треба да се самоизолираат две недели по пристигнувањето, освен оние кои доаѓаат на помалку од три дена, но кои мора да направат негативен тест за коронавирус.

Унгарија, Бугарија и Романија критикувани од ЕУ за владеење на правото

Романија бележи повеќе од 2.000 нови случаи дневно во текот на изминатата недела, со што вкупниот број на потврдени случаи достигна 139.612 од моментот кога пандемијата пристигна во земјата кон крајот на февруари. Од нив 5.121 починале, што е највисока стапка на смртност во источното крило на Европската унија, а владата ја продолжи состојбата на подготвеност до средината на октомври. Затворените ресторани, кина и театри повторно беа отворени во септември, откако беа затворени од март. Ограничувањата ќе останат во сила сè додека бројот на инфекции во погодените области не се намали на 1,5 на 1.000 луѓе во текот на 14 дена.

XS
SM
MD
LG