Достапни линкови

Вархеји денеска во Скопје


Еврокомесарот Оливер Вархеји во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска со посетата на Скопје ќе ја започне неговата турнеја по регионот. Тој по вчерашното објавување на извештаите за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан, изјави дека Северна Македонија одржала стабилен напредок во делот на реформите, посебно владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. „Дискусиите се во тек во Советот за предлог преговарачката рамка и се надевам дека меѓувладините конференции ќе се одржат под сегашното претседателство, доколку бидат усвоени", изјави Вархеји.

Северна Македонија на добар пат кон ЕУ

Европската Комисија ги поднесе предлог преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до земјите членки на почетокот на летото. Земјите членки треба, според календарот на германското претседателство, во ноември да ги усвојат, со евентуални измени. Еврокомесарот Вархеји порача дека Тирана остварила значаен напредок во реформите за ЕУ во последните месеци. Тој смета дека одвојувањето на Скопје и Тирана би било грешка.

XS
SM
MD
LG