Достапни линкови

Мајкрософт ќе инвестира милијарда евра во Грција


претседателот на Мајкрософт Бред Смит, архивска фотографија

Грција и Мајкрософт во понеделникот објавија договор за инвестиции вреден милијарда евра за изградба на инфраструктура за складирање податоци. Објавувањето доаѓа во време кога грчката влада планира постепено да ја префрли бирократска државна служба на интернет. „Ние носиме центри за податоци во Грција. Ќе создадеме нов регион што ќе ја вклучува Грција, како и соседните земји“, рече претседателот на Мајкрософт Бред Смит во Атина, додавајќи дека компаниите повеќе нема да имаат потреба да инвестираат во купување и одржување на сервери.

Гејтс ги негира теориите на заговор за вакцините

Проектот предвидува три центри за податоци во пошироката област на Атина. „Мајкрософт“ во моментов има центри за податоци во Германија, Франција, Холандија и Ирска и повеќе гради во Полска, Италија и Шпанија. Договорот од „Мајкрософт“ предвидува и програми за обука на 100.000 Грци, соопштија официјални лица.

XS
SM
MD
LG