Достапни линкови

Самит ЕУ-Украина


претседателот на Украина Володимир Зеленски

22-от самит меѓу Европската унија и Украина е прв билатерален самит што се одржува директно во Брисел од избувнувањето на пандемијата на ковид-19. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ќе ја претставуваат Европската унија, додека претседателот Володимир Зеленски ќе ја претставува Украина. На самитот ќе учествува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија поради улогата во Украина

Лидерите треба да ги разгледаат билатералните односи, како и социо-економското влијание на пандемијата и поддршката на ЕУ за Украина. На дневен ред се и следните чекори во спроведувањето на Договорот за асоцијација, вклучително и нејзината длабока и сеопфатна зона на слободна трговија Лидерите исто така ќе разговараат за конфликтот во источна Украина, неодамнешните случувања во Белорусија и понатамошните регионални и надворешно-политички прашања.

XS
SM
MD
LG