Достапни линкови

Владата ќе расправа за патувања без тест за ковид-19 во регионот


Луѓе со маски во Скопје

Владата на денешната седница ќе ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и ќе донесе одлука за ПЦР-тестовите за патувања во регионот, сугестиите се позитивни, но само за неопходни патувања. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на владината седница Комисијата ќе изложи своите аргументи преку министерот Венко Филипче и Владата ќе донесе одлука.

Хоспитализирани вкупно 366 пациенти со Ковид-19

„Не сакаме да бидеме изолирани од регионот, ако регионот е отворен, тогаш треба да бидеме и ние. Мала земја сме, поврзани сме со регионот за здравстевни искуства и во делот на економијата. Поприлично сме позитивни кога стручните луѓе од комисијата даваат сугестии, но секако тие ќе бидат патување – да, без ПСР, но само кога е најнеопходно, изјави Заев, посочувајќи дека се работи за регионална иницијатива, а регионот, како што рече, е мал со приближно исти бројки на заразени.

XS
SM
MD
LG