Достапни линкови

Во Македонија нови 83 случаи на Ковид-19 и четворица починати


Илустрација

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, четворица починати и 146 оздравени пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

Новозаразените се регистрирани во Скопје 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1 и во Делчево 4.

„Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти“, соопшти МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања за Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија, од почетокот на епидемијата, изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

XS
SM
MD
LG